проаѓалиште | ср.

Место каде што се поминува. Малиот простор меѓу двете куќи го направија проаѓалиште.

проаѓач | м.

Тој што минува, поминува; минувач. Улиците беа пусти, одвај се наоѓаше по некој проаѓач.

проба | св. и несв.

Испита, испитува квалитет или големина на нешто. Го проба костумот неколку пати, но не се реши да го купи. Шиеше нов фустан, па отиде кај шивачот да го проба.

проба | ж.

Проверка, испитување на некој параметар (големина, квалитет и сл.) На проба кај шивачот. Го проба фустанот.

пробабилизам | м.

Учење според кое секое спознание и знаење може да биде само веројатно.

пробаботи | св.

Забаботи кратко време, во мал степен; Пробаботи огнот. Пробаботеа митралези и ја прекинаа тишината. Пробаботи нешто, ама никој не го разбра.

пробае | св.

Забае кратко време, набрзина; Бајачката му пробаја на детето.

пробара | св.

Побара малку, набрзина, згора-згора; Пробара по џебовите и го најде клучот.

пробари | св.

Бари малку, кратко време, набрзина. Зеленчукот го исечка и го пробари.

пробања | св.

Искапе некого малку, набрзина, згора-згора; Мајката го пробања девојчето и го стави да спие.