пазван(т) | м.
Чувар на населба
пази | несв.
чува.
пазител | м.
Тој што чува, заштитува духовни вредности.
пазува | ж.
Местото меѓу облеката и градите. Топла пазува. Крие писмо во пазуви.
пазуварка | ж.
Џеб до пазувата. Старецот ја носеше табакерата во пазуварката. Писмото од печалбарот го стави во пазуварката, да го грее срцето.
пак 1 | чест.
За засилување на исказот, заедно со други сврзници: а пак, ама пак; ако пак; дури пак и сл. Таа си замина, а пак тој остана среде соба. Тој не сакаше да зборува, ама пак се појави на состанокот. Ако пак дојде, да не го примите.
пак 2 | прил.
Тој ќе дојде пак кај мене. Ние ќе се видиме пак.
пак 3 | м.
Тврда гумена плочка за играње хокеј на мраз.
пакет | м.
Еден или повеќе предмети завиткани во хартија, картон и др.; поштенска пратка. Мал пакет завиткан во шарена хартија, врзан со црвена панделка. Пакет кибрити. Имаше тутун во пакети и во кутија. Курирот однесе пакети книги во пошта.
пакетче | ср.
Пакетче со врзалка. Пакетчиња револверски куршуми.