Пакистан | м.

Држава во Азија.

пакло | ср.

Пакетче. Пакло цигари. Пакло маргарин.

пакосен | прид.

Што прави пакост; штетен. Пакосен инсект. Пакосни дечишта.

пакослив | прид.

пакосник | м.

Тој што е пакосен; штетник. Пакосникот ги изгризал ноќвите.

пакост | ж.

Штета. Говедата направиле пакост во нивата. Војниците правеа пакости по селата.

пакости | несв.

Прави штета некому, штети некому. Децата му беа мирни, никому не пакостеа.

пакпапир | м.

Цврста хартија за пакување пакети.

пакт | м.

Меѓународен договор, политичка спогодба од меѓународен интерес. Пакт за ненапаѓање. Пакт за уништување на нуклеарното оружје.