пробдее | св.

Помине некое време буден, во бдеење; Ја пробдеа ноќта, не легна. Мајката ја пробдеа ноќта над постелата на болното дете.

пробелее | св.

Обели, губи од интензитетот на својата боја. Блузата пробелеа од често перење.

пробели | св.

Стане бел, сед.; Рано пробеле во косата.

пробен | прид.

Што се прави заради проба, што е наменет, подготвен за проба. Пробен примерок. Пробна снимка. Пробен авион. Пробно возење.

пробере | св.

Направи избор набрзина; одбере, избере. Првите купувачи ги пробраа крупните јаболка.

пробеси | св.

Пушти, остави нешто да виси. Ги пробеси чаршафите да се проветрат.

пробив | м.

Отвор направен со пробивање. За потребите на новиот автопат направија неколку пробиви во карпите.

пробивен | прид.

Што лесно се пробива. Пробивен човек. Пробивен писок.

пробивност | ж.

Особина на тој што е пробивен, својство на тоа што е пробојно. Неговата пробивност понекогаш ѝ пречеше.