пробие | св.

Со удар, со сила направи дупка, отвор, премин. Го пробија ѕидот за да направат прозорец кон источната страна. Низ шумата пробија пат.

пробира | несв.

пробирач | м.

Тој што премногу одбира, бара, пребарува;

пробирлив | прид.

Што избира многу. Пробирлив купувач.

пробистри | св.

Раскаже, каже нешто кратко, набрзина Дојде, пробистри малку политика и си замина.

Пробиштип | м.

Град во Македонија.

проблем | м.

Теоретско или практично прашање, задача што треба да се реши. Математички проблем. Суштински проблем. Општествен проблем.

проблематизира | св. и несв.

Направи, прави нешто да стане, да се појави како проблем; отвори, отвора прашање што треба да се реши. Со поставеното барање го проблематизираа веќе донесениот заклучок. Настанот го проблематизира почетокот на претставата.