проблематика | ж.

Севкупност на проблеми од некоја научна, уметничка или друга област од општествениот живот. Оваа проблематика бара поширок простор за образложување.

проблематичен | прид.

Што е тешко решлив, спорен; малку веројатен, сомнителен. Проблематична задача. Проблематичен одговор. Проблематично решение. Проблематичен резултат.

проблемски | прид.

Што се однесува на проблеми. Проблемска дискусија. Проблемски прашалник.

проблесне | св.

Наеднаш се појави со силна светлина. Проблесна сонцето кога се отвори вратата.

проблесок | м.

Тоа што се јавува за миг како блесок. Проблесок светлина.

проблуе | св.

Почне да блуе. Проблуја крв.

прободе | св.

Пробие нешто со бодење. Во жестока битка го прободеа со копје. Ја прободе крпата на средината за да ја навре рачката.

пробоен | прид.

пробрбори | св.

Искаже нешто, избрбори;