пробричи | св.

Избричи набрзина, згора-згора. Го пробричеа младоженецот колку за адет.

пробрсти | св.

Помине малку време во брстење; избрсти во мала мера. Козата пред да ја фатат пробрсти во градината.

пробрчи | св.

Брчи малку време; брчи Пробрчи една мува во собата.

пробуда | ж.

Будење. Национална пробуда.

пробуди | св.

разбуди.

пробуричка | св.

Буричка малку, кратко време; Го пробуричка ручекот да не загори. Пробуричка во чантата, го бараше клучот.

пробучи | св.

Бучи малку време. Пробучи нешто во подрумите и престана.

провади | св.

Вади кратко време, згора-згора; Го пушти цревото и ја провади градината.

провала | ж.

Пробивање, предавање на нелегална организација. Се случи провала во организацијата.

провала | св.

Вала кратко време; Ја провалаа волната. Откако ги испече, таа ги провала колачињата во шеќер во прав.