прогресист | м.

Приврзаник на прогресот, напреден човек. Млад прогресист.

прогресистички | прид.

Што се однесува на прогресист, на прогрес. Прогресистички сфаќања.

прогресија | ж.

Низа од броеви или величини кои постепено се зголемуваат или се намалуваат според определени правила.

прогризе | св.

Со гризење направи дупка, пробие нешто гризејќи. Во визбата глувците ги прогризале кутиите.

прогрми | глаг.

Згрми малку, грми кратко време. Се стемни, прогрме, но не заврна.

продава | несв.

продавалка | ж.

Клашни што се ткаат за продавање, што не се за домашна употреба.

продавач | м.

Тој што продава, што е вработен во продавница, во трговска куќа за да продава или да работи врз продажбата. Продавач на весници. Продавач на зелениот пазар.

продавачки | прид.

Што се однесува на продавач. Продавачка служба.

продавница | ж.

Просторија каде што се продава стока; дуќан, магазин. Маалска продавница. Продавница за чевли. Продавниците во трговскиот центар работат и во недела.