продаде | св.

Даде за пари, со плаќање стока, имот и сл. Минатото лето го продадоа станот.

продажба | ж.

Давање, отстапување стока за определена цена. Продажба на пченицата. Тие производи не се за продажба.

продажбен | прид.

Што се однесува на продажба; Продажбен простор.

продажен | прид.

Што се однесува на продажба. Продажна цена.

продекан | м.

Заменик или помошник на деканот. Продекан за настава. Продекан за финансии.

продемонстрира | св.

Демонстрира малку, кратко време. Група од педесетина луѓе продемонстрира низ улиците во центарот на градот.

продефилира | св.

Дефилира кратко време. Децата со најуспешни маски продефилираа на плоштадот.

продира | несв.

продирен | прид.