продискутира | св.
Дискутира малку, кратко време; поразговара за нешто. Да продискутираме и да се изјасниме. Продискутираа за проблемот.
продлаби | св.
Направи дупка со длабење; продупчи. Го продлаби картонот на аголот и протна коноп во дупката.
продлабочи | св.
Направи нешто да биде подлабоко; длаби 2. (прен.) Зголеми знаење, подлабоко навлезе во некој проблем; направи нешто посериозно, посилно да се изрази. Со таквите изјави ги продлабочија несогласувањата. Тоа ќе придонесе за продлабочување на кризата.
продолжение | ср.
Продолжување на прекинат процес, на нешто што уште трае, што не е доведено до крај (седница, конференција, приредба и сл.). Продолжението од седницата се одлага за утре.
продолжи | св.
Направи нешто да биде подолго, да трае подолго. Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото. Го продолжија престојот во странство за уште три месеци.
продолжителен | прид.
Што трае, што продолжува долго време; долготраен. Продолжителен звук. Продолжителни напори.
продолжувач | м.
Тој што продолжува нечие дело, нечија активност. Продолжувачи на писмената традиција.
продор | м.
продорен | прид.
продрдори | св.
Почне да дрдори. Таа влезе и веднаш нешто продрдори.