продре | св.
продреме | св.
Дреме, подреме кратко време, како-годе. Бабата продрема седејќи на столот. По ручекот имаше обичај да продреме пред телевизорот.
продува | св.
Дува малку, кратко време. Продува ветар и повторно се појави сонцето.
продукт | м.
Предмет, материја добиени како резултат, плод на човечкиот труд. Индустриски продукт. Краен продукт. Тоа дело беше продукт на неговата долгогодишна работа.
продуктивен | прид.
Што овозможува производство, што е поволен за производство, што произведува. Продуктивна почва. Продуктивен период. Продуктивен труд.
продукционен | прид.
продукциски | прид.
Што се однесува на продукција. Продукциска куќа. Продукциски односи.
продукција | ж.
Количество на производи како резултат на трудот (физички или интелектуален) во некоја дејност; производство, творештво. Индустриска продукција. Филмска продукција.
продума | св.
продупи | св.
Направи дупка во некој предмет. Цигарата му падна од рацете и го продупи килимот.