продупчи | св.

Направи дупка во нешто;

продуховен | прид.

Глаголска придавка од продухови.

продухови | св.

Исполни, проткае со дух; даде духовен израз, значење. Со своето зборување ги продухови присутните.

продуцент | м.

Тој што продуцира, произведува нешто; производител.

продуцентски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на продуцент. Продуцентска куќа.

продуцира | св. и несв.

Произведе, произведува. Погонот продуцира суровини за хемиската индустрија.

продушка | св.

Душка малку, набрзина; Кучето продушка низ дворот и замина. Тој продушка наоколу, но не дозна ништо ново.

проект | м.

Разработен план за градежен објект, машина и сл. Проектот за зградата е готов.

проектант | м.

Тој што изработува, составува проекти. Работи како проектант во градежна фирма.

проектантски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на проектант. Проектантско биро.