проектен | прид.

Што се однесува на проект. Проектен елаборат. Проектни активности.

проектил | м.

(воен.) Тоа што се исфрлува од огнено оружје (куршум, граната и сл.) Неактивиран проектил. Проектили насочени кон воени цели.

проектира | св. и несв.

Изработи, изработува, состави, составува проекти. Тој го проектираше објектот на музејот.

проектор | м.

Оптички апарат за пренесување зголемена слика на платно.

проекционен | прид.

Што се однесува на проекција;

проекциски | прид.

Што се однесува на проекција;

проекција | ж.

(мат.) Слика на некое тело пренесено на рамна површина.

прожектира | св. и несв.

прожени се | св.

Ожени (некого) набрзина, како било. Родителите го проженија без да го прашаат.