прожерави (се) | св.
Се жерави кратко време. Се прожерави неколкупати во сонот, но не се разбуди.
проживее | св.
Помине животен век. Проживеа мачен живот.
прожожори | св.
Жожори кратко време. Нешто прожожори во тревата.
прожубори | св.
Жубори кратко време. Поточето прожубори, па стивна.
прожуга | св.
Почне да жуга; Овошките прожугаа.
прожугне | св.
Жугне кратко време, малку. Цвеќето прожугна по пресадувањето, а потоа пак зачмаја.
проза | ж.
Начин на јазично изразување без цврсто определени метрички шеми, неограничени со рима или ритам; поезија. Уметничка проза. Македонска народна проза. Тој автор твори и поезија и проза.
прозаби се | св.
Се покаже со забите правејќи гримаса; се озаби.
прозавитка | св.
Завитка некого или нешто набрзина, како било.
прозаврзе | св.