проневерувач | м.

Тој што извршил проневера. Проневерувачот е притворен. Излезе дека тој е најголемиот проневерувач и криминалец.

пронесе 1 | св.

Однесе низ нешто. Неколку силни момчиња ја пронесоа машината на раце низ тесните ходници. Го пронесе на раце детето низ селото.

пронесе 2 | св.

За птици – почне да несе јајца. Кокошките пронесоа јајца.

прониже | св.

Прободе, убие со остар предмет или куршум. Падна пронижен од куршум.

пронижувачки | прид.

Што пронижува. Пронижувачки поглед.

прониклив | прид.

Што може да проникне во суштината на нешто, да сфати, да согледа, да предвиди. Прониклив ум. Прониклив поглед.

проникнат | прид.

Глаголска придавка од проникне.

проникне 1 | св.

Влезе низ нешто или во нешто. Низ дупчињата од ролетната проникнуваа снопови светлина. Силна реа проникна во собата.

проникне 2 | св.

За растение – пушти никулец; изникне. Компирот во ќесето проникнал. Земјата е влажна, семето брзо ќе проникне.