пек | м.
Горештина, жештина, врелина, жега. Сончев пек. Пладневен пек.
пека | несв.
Моли, преколнува (моли плачејќи, настојувајќи многу). Девојчето им пека на родителите да оди на одмор со другарите. Старецот му пекаше на синот да не го сели од родната куќа.
пекар | м.
Тој што пече леб и други печива.
пекарница | ж.
Работилница во која се произведува леб и други производи од брашно.
пеки | прил.
Добро, в ред.
Пекинг | м.
Главен град на Кина.
пекинезер | м.
Раса на кучиња со куса сплескана муцка, мало тело со долги влакна и со куси нозе.
пеклен | прид.
Жален, кутар, страден.
пекмез | м.
Густа маса од сварено зрело овошје со шеќер. Пекмез од сливи. Колачи со пекмез.
пекол | м.
(рел.) Место каде што престојуваат душите на грешниците по смртта во тешки, вечни маки; ад. Рај и пекол. Господар на пеколот е Луцифер.