пеколен | прид.

Што се однесува на пекол. Деветтиот пеколен круг.

пеколски | прид.

пексимид | м.

Двапати печен леб; двопек. Пексимид и чај.

Пелагонија | ж.

Област во Македонија.

Пелазг | м.

Припадник на древен народ, пражители на Балканскиот Полуостров пред доселувањето на Елините. Пелажанка, мн. Пелажанки ж.

пелена | ж.

Парче густо ткаено памучно платно, најчесто бело, во правоаголна форма кое служи за завиткување на новороденче. Влажна пелена. Дете во пелени. Мајката го повиваше детето со пелени и со повој.

пеленаче | ср.

Новороденче, бебе, доенче. Голо пеленаче.

пелерина | ж.

Наметка без ракави, со прорези за рацете, што се носи врз горната облека. Црна пелерина. Запетлана пелерина.

пеливан | м.

Борач; пеливанство Прв пеливан. Луѓето направија круг на ливадата околу пеливаните.

пеливанлак | м.

(само едн.) Пеливанство.