проскита | св.
Поскита малку, некое време. Проскита малку на млади години, виде свет.
проскомидија | ж.
Дел од црковна литургија во која свештеникот ги приготвува на жртвеникот светите дарови (квасен леб и црвено вино) за да ги освети.
проскура | ж.
проскурник | м.
прослава | ж.
Свечено одбележување на значаен настан или по некој повод; празнување. На прославата говореше претседателот. Организиравме голема прослава по повод Денот на ослободувањето.
прославен | прид.
Што се прославил, што станал славен. Прославен војвода. Прославена бригада. Прославен поет.
прослави | св.
Свечено одбележи важен настан, одржи свеченост по некој повод. Тој го прослави именденот во една мала кафеана. Празникот го прослави скромно.
проследи | св.
Следи до крај; изгледа, ислуша. Учениците ја проследија претставата внимателно од почетокот до крајот. Новинарите го проследија излагањето на претседателот.
просо | ср.
Житно растение со тенко стебленце исполнето со срж, широки лисја покриени со влакненца и плод од ситни, мазни и сјајни зрна во повеќе бои; Panicum miliaceum.
просолзи | св.
Почне да солзи по малку, да пушта солзи. Многумина од нас просолзија кога видоа што се случило. Очите му просолзиле од мака.