проспект | м.

Информација, печатена реклама во вид на леток или на брошура со податоци за туристички места, индустриски производи, услуги и сл. во пропагандни цели.

просперира | св. и несв.

Успее, успева, напредне, напредува, успешно се развива. Тој просперирал добро во новата средина.

просперитет | м.

Општ успех, напредок, благосостојба во вршењето на стопанската и други дејности во една заедница. Национален просперитет. Социјален просперитет. Културен просперитет.

просперитетен | прид.

Што добро просперира, што овозможува, што покажува просперитет. Просперитетно претпријатие. Просперитетна индустриска гранка.

прост | прид.

Што е едноставен, што не е сложен, што може лесно да се разбере, да се сфати. Проста работа.

простак | м.

Лице што се однесува просто, грубо, невоспитано, простачки.

простаклак | м.

Грубост, невоспитаност, вулгарност.

простата | ж.

Жлезда околу грлото на мочниот меур кај машки цицачи, вклучувајќи го и човекот. Проблеми со простатата.

простачки | прид.

Што е груб, прост, невоспитан. Простачки забелешки.

простенка | св.

Почне да стенка или стенка малку, извесно време, често во директен говор. Простенка од болка. Простенка низ заби.