прости | св.
Даде прошка, прости нешто (казна, лоша постапка, грешка и сл.) Тој му ги прости грешките на синот кога сети оти се свестил и се покајал. Тој не му прости никогаш.
простира | несв.
Постила на некој простор (покривка, слама, душек и сл.: најчесто како легло); простре Тој простира на подот една рогозина и на неа спие.
простирка | ж.
Ткаенина со која се прекрива кревет, маса, под и сл.; покривач. Декоративна простирка беше послана пред каминот. Креветот беше послан со рачно плетена простирка.
проституира | св. и несв.
Наведе, наведува некого на блуд за пари. Тој ги простиутирал своите ќерки.
проститутка | ж.
Жена оддадена на проституција,
проституција | ж.
Социопатолошка појава, каде што најчесто жената го продава своето тело за вршење на полови односи во вид на занает, при што отсуствува емотивниот фактор.; дејност на проститутка, блуд како занимање. Живее од проституција.
простичок | прид.
просто 1 | прил.
На едноставен начин. Тој се облекува просто, фармерки и маица.
просто 2 | чест.
За потсилување на кажаното, сосема, наполно. Просто не знам што да правам, којпат да го фатам. Тоа е просто невозможно.
просто 3 | прил.