простодушен | прид.
Што е добродушен, добар, искрен, наивен. Простодушно момче со чисто срце. Тој беше простодушен, сочувствителен со несреќата на другите.
простонароден | прид.
Што се однесува на простиот народ, кој е својствен на народот. Простонародно кажување. Простонародни зборови.
простор | м.
Празнина во која ги забележуваме сите предмети што нè опкружуваат чии својства се висина, должина и ширина; неограничено простирање во сите правци. Пред нив се простираше бескарен простор покриен со ниска трева. Просторот од небото до планинските врвови беше исполнет со една прекрасна синевина.
просторен | прид.
Што се однесува на простор. Просторен план.
просторија | ж.
Дел од внатрешноста на куќа или зграда ограничен со ѕидови или прегради, под и таван. Куќата имаше неколку простории. Целата просторија беше осветлена со неонски светилки. Во една мала просторија беше смстена спалната соба. Подрумски простории.
простосмртен | прид.
Што има особини на обичен човек, смртник. Простосмртни слабости.
простосрдечен | прид.
Што е со искрено, отворено срце; простодушен. Простосрдечен човек.
простота | и.
Својство на тоа што е просто; едноставност. Простота на стилот.
простотилак | м.
простотија | ж.
Неукост, незнаење.