противтежа | ж.
(техн.) Тежина за неутрализација или како рамнотежа на друга.
противтенковски | прид.
Што се користи против тенкови. Противтенковска единица. Противтенковски топ.
противтужба | ж.
противудар | м.
Удар или напад како одговор на удар од непријател или противник, возвратен удар. Изведе противудар.
противуслуга | ж.
Возвратна услуга.
противуставен | прид.
Што не е во согласност со уставот.
противхемиски | прид.
Што служи за заштита од хемиско оружје или други средства. Противхемсика заштита.
противхристијански | прид.
Што е спротивен на христијанството.
протина (се) | несв.
проткае | св.
Вткае нешто низ нешто во процесот на ткаење, украси нешто со ткаење.