прпелка се | несв.
Се валка во прашина, земја, песок и сл. Децата се прпелкаат во тревата.
прплец | м.
прплица | ж.
Парче железо што е вглавено во горниот воденичен камен. На прплицата има дупка во која влегува горниот крај на вретеното, и така вртењето на колото, преку вретеното се пренесува на прплицата, односно на горниот камен.
прпне | св.
Испушти прпот при летнување; Рој лилјаци прпнаа од мракот.
прпори | несв.
Шуми, испушта звук еднолично и тивко.
прпот | м.
Трепет, прпорење. Се чу прпот на потплашени птици во грмушките.
прпоти | несв.
прр! | изв.
За имитирање на шум од птица при летнување.
прсен | прид.
Што е од прст2. Прсена тава.
прска | несв.
Наводенува со ситни капки вода или некоја друга течност. Навечер ги прскаа улиците со вода од цистерни. Жената ги прскаше чаршафите со вода пред да ги пегла. Чиракот прска пред дуќанот и мете.