пукне | св.

При кршење добие пукнатини, проследено со пукот. Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа. Пукна водоводна цевка.

пукница | ж.

Јадење, кркање.

пукнувачка | ж.

Крај, смрт. Јадеше, јадеше до пукнувачка.

пукот | м.

Звук што се слуша при пукање од огнено оружје; пукотница. Пукот од пушки и митралези. Од првиот пукот загинале двајца. Се слушнаа еден или два пукота во длабоката ноќ.

пукоти | несв.

Испушта или прави остар звук проследен со пукот. Пукоти од сите страни. Огнот пукотеше добро разгорен.

пукотница | ж.

Силен звук од огнено оружје. Во далечината се слушаа пукотници од пушки.

пул | м.

пулејка пулелија

пуле | ср.

пулен | м.

Ученик, питомец или следбеник.

пулејка | ж.

Мала округла метална плочка што служи како украс на облека. Шамија со пулејки и мониста