пакува | несв.

Прави пакет; смести во амбалажа. Работниците ги пакуваа отпечатените книги. Девојчето пакуваше роденденски подарок. Машината ги пакува цигарите брзо и квалитетно.

пала 1 | ж.

Вид сабја со кратко, широко сечило и рачка обложена со ковано сребро. Гаваз со остра пала на појас. Камшици и пали.

пала 2 | ж.

Среќа. Ти ја начека палата.

пала | несв.

бара.

палав | прид.

Немирен, бесен. Палаво дете. Палави години.

палавее | несв.

Станува палав. Тој порасна и пак палавееше.

палави се | несв.

Прави лудории, лудува. Децата се палавеа во дворот.

палавко | м.

Немирко. Ќе порасне и нашиот палавко. Поминаа години, остана палавко.