располага | несв.
Владее со нешто; држи нешто во своја власт и користи по своја волја; има над нешто неограничена власт и моќ. Власта располага со сите ресурси. Тие располагаат со богатството.
расползи се | св.
За дете или за животно ‒ почне да ползи, да лази повеќе; се. Во седмиот месец детето се расползи. Во ливадата се расползиле змии.
располови | св.
Преполови, расече на два дела, на две половини. Месарите ја располовија свињата. Таа го располови јаболкото и му даде на момчето.
расположба | ж.
Положба, поставеност, местоположба. Населбата има убава расположба.
расположен | прид.
Што е во добро расположение, развеселен, задоволен и сл. Расположени гости. Расположено население.
расположение | ср.
Душевна состојба; настроение. Добро расположение. Расположение за работа. Борбено расположение. Нејзините расположенија се менуваа.
расположи | св.
Предизвика кај некого добро настроение, расположение. Таа многу ги расположи присутните. Убавите песни ги расположија гостите.
расположлив | прид.
Што е на располагање, што може да се користи. Расположливи капацитети. Расположливи ресурси. Расположливи средства.
располу | прил.
распон | м.
Растојание меѓу две крајни точки. Распон на крилата на авионот. Временски распон.