расплука се | св.

Почне често, многу да плука.

распне | св.

Оптегне, растегне (платно, шатор и сл.) од сите страни; постави на определен локалитет, на определена позиција. Рибарите ги распнаа мрежите. Тој го распна шаторот на една полјана.

расповие | св.

Симне повои, пелени; Таа неколку пати во денот го расповива бебето.

расподели | св.

Подели повеќе или уште повеќе; подели_1_2

распознае | св.

Различи, познае некого или нешто сред множество лица или предмети. Тој го распозна нејзиниот глас. По толку години и во темнина лесно ја распознав.

распознатлив | прид.

Препознатлив, што може да се распознае лесно. Распознатлив стил. Распознатливи лица. Распознатливи делови.

распокине | св.

Испокине, искине во голема мера или многу нешта. Тој ги распокина листовите. Ги распокинав чевлите барајќи ја неа.