распростирач | м.

Простирка, ткаенина за покривање. Шарени распростирачи.

распространет | прид.

Проширен, раширен, познат нашироко. Распространето мислење. Распространет израз. Распространети ендемски видови. Распространета болест.

распространи | св.

Направи нешто да зафати голем простор, прошири, рашири. Тој го распространи својот имот.

распространувач | м.

Личност што шири некакво влијание, што дејствува во некоја област. Распространувач на класичната музика во Македонија. Распространувачи на романтизмот.

распростре | св.

Простре нешто нашироко. Тој го распростре шаторот на ливадата. Таа ги распростре чаршафите.

распрпела | св.

Прпела малку или уште малку. Таа го распрпела месото во брашно.

распрпелка | св.

Распрпела малку;

распрска | св.

Изврши прскање со течност нашироко, на разни страни; прска 2. распрсне

распрскувач | м.

Прскалка или дел од прскалка. Распрскувачите се поставуваат на неколку места. Преку цевката водата доаѓа до распрскувачот.