радосница | ж.
Што изразува радост, веселба. Солзи радосници.
радост | ж.
Чувство на среќа, задоволство и добро расположение предизвикано од некој успех, пријатен настан и сл. Браќата плачеа од радост. Не знаеше што да прави од радост. Животна радост.
радува | несв.
Причинува некому радост, задоволство. Ме радува дека вие арно сте поминале. Првпат беа собрани заедно и тоа ги радуваше.
Раец | м.
Област во Македонија.
ражен | м.
Дрвен или метален стап на кој се наденува и со кој се врти месото над огнот (жарта) за да се испече. Над усвитениот жар се вртат на ражен големи парчиња месо. Тој го врти јагнето на раженот во градината на оган од лозови прачки.
раженче | ср.
Дем. од ражен.
ражне | ср.
ражниште | ср.
Странична ограда на кола, обично воловска, со малку заострени вертикални штички, што се става при превоз на снопје, сено и сл. Сите се служиме со воловски коли со ражништа. Делкав ражништа за воловска кола.
раз- | претс.
(рас- пред безвучна согласка) Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења.
разбаботи | св.
За печка, оган ‒ почне силно да гори; распали. Печката разбаботи и собата брзо се загреа.