реафирмација | ж.

Повторно истакнување, постигнување успех, повторна афирмација. Реафирмација на народниот јазик. Реафирмација на неговите способности.

реафирмира | св. и несв.

Направи, прави нешто повторно да биде афирмирано. Ги реафирмира традиционалните вредности.

ребрен | прид.

Што се однесува на ребро. Ребрен простор. Ребрена коска.

ребрест | прид.

Тој што има ребра, што му се нагласени ребрата. Ребрест коњ. Стариот ребрест вол. Ребресто куче.

ребри се | несв.

Се прави важен, покажува сила и надмоќ. Тој се ребреше пред нас. Таа се ребреше во новите скапи алишта.

ребро | ср.

Долгнавеста малку тесна коска кај човекот, дел од коските кај човекот и кај некои животни, сместени во градниот кош, поврзани со 'рбетниот столб, а дел од нив и со градната коска. Човекот има 12 пара ребра. Тој скрши две ребра.

ребус | м.

Поим во енигматиката, загатка од слики, букви, бројки и од цртежи. Детски ребуси. Анаграмен ребус.

ребусен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на ребус. Ребусно списание.

рев | м.

Силен, пробивен глас што го испуштаат некои животни. Лавски рев. Ревовите на стоката не престануваа.

ревакцинација | ж.

Второ, повторно вакцинирање. Ревакцинацијата се изведува во групи.