ревокација | ж.

Во дипломатијата ‒ отповикување (укинување, поништување, отказ) од должност на пратеник или на некој друг владин служеник во земјата или надвор од неа.

револвер | м.

Лесно, рачно, огнострелно оружје со повеќе куршуми што се ставаат во барабан и што има можност за повеќе истрели, еден вид пиштол со продолжена цевка. Долг револвер со рачка од слонова коска. Голем позлатен револвер. Стар револвер.

револврист | м.

Добар, вешт стрелец со револвер. Тој е најдобриот револверист во нашата група.

револт | м.

Нагласено несогласување, реакција, бунт против нешто. Огорчен револт. Силен револт. Жесток револт. Скриен револт.

револтира | св. и несв.

Поттикне, поттикнува негодување, несогласување, негативна реакција, бунт, револт кон нешто. Тој ги револтираше другарите. Нејзините постапки го револтираа момчето. Малите плати ги револтираа вработените.

револтиран | прид.

Глаголска придавка од револтира.

револуционер | м.

Тој што учествува во револуција. Славни македонски револуционери. Подвиг на револуционерот Гоце Делчев. Млади и стари револуционери.

револуционерен | прид.

Што ги остварува идеите на револуцијата. Револуционерна борба. Револуционерно движење. Револуционерна младина. Револуционерни групи.

револуционерност | ж.

Особина на тој што е револуционер и својство на тоа што е револуционерно.