регресивен | прид.
Што е назаден, што води кон регрес; Регресивен процес. Регресивна состојба. Регресивна асимилација.
регресира | св. и несв.
Назадува, заостане, заостанува, опадне, опаѓа. Процесот на производство регресира.
регресија | ж.
Отстапување, враќање назад, назадување. Економијата доживеа регресија. Регресија во литературата.
регрут | м.
(воен.) Војник во почеток на служба, до давање заклетва.
регрутација | ж.
(воен.) Пополнување воени единици со нови војници. Регрутација на момчиња од 18 до 28 години.
регрутен | прид.
Што се однесува на регрутација. Регрутен центар. Регрутна комисија.
регрутира | св. и несв.
Земе, зема обврзници за регрути (војници); врши, изврши регрутација. Министерството за одбрана ги регрутираше сите момчиња над 18 години.
регрутува (се) | св. и несв.
регула | ж.
Правило, пропис, мерило, одредба. Законски регули.
регуларен | прид.
Што се подведува под определена регула, што е според прописите, правилен, редовен, рамномерен, навремен. Регуларни барања. Регуларен преглед. Регуларен план. Регуларен одговор.