режија | ж.

Сите дејства врзани со поставување и со реализација на некоја драмска, филмска, телевизиска, театарска сцена до нејзиното остварување во сценски чин. Многу добра и скапа режија. Според режијата се предвидени голем број статисти.

режовит | прид.

За пијалак ‒ што реже. Режовита боза. Режовито вино.

рез | м.

Дел од сечило на нож, на сабја и сл. Ножот има добар рез. Резот на сабјата е прецизен.

резакија | ж.

Вид десертно грозје. Чинија полна со резакија.

резанка | ж.

Парче, дел, обично од лубеница, диња, леб и сл. Една резанка лубеница. Една резанка црн леб.

резанки | ж.

Мошне тенко изрежано тесто што се користи за супи, за чорби или како прилог кон јадење. Супа со резанки. Варени резанки.

резач | м.

Лице што реже лозје, дрвја и др. Напролет резачите имаа работа во овоштарникот.

резачка | ж.

Машина за режење.

резба | ж.

Изработка на фигури со резбање, обично во дрво. Дарбата за резба ја имаше од дедо му. Се занимава со резба.

резба | несв.

Длаби, реже, копаничи, обично во дрво. Тие резбаа во дрвото цела ноќ. Резбаа рамки со убави форми.