резбан | прид.
Што е украсен со резба, што е резултат од резбање. Резбан ковчег. Резбан иконостас.
резбар | м.
Тој што се занимава со резба, мајстор што изработува резби. Мијачки резбари. Охридски резбар.
резбарство | ср.
Дејност на резбар, изработување резби; копаничарство. Тој се занимава со резбарство. Развој на резбарството во Македонија.
резе | ср.
Железна направа за заклучување порти, прозорци и сл. Тешко резе. Крцна резето. Црковно резе. Порта со резе затворена.
резеда | ж.
(бот.) Вид пролетно, мирисливо цвеќе; Reseda lutea.
резен | м.
резенка | ж.
резерва | ж.
Складирани продукти или други стоки оставени за да бидат употребени во случај на потреба; обично Резервите од шеќер се намалија. Резерви од масло. Материјални резерви. Резерви од жито.
резерват | м.
Територија, подрачје каде што се заштитени одделни растенија, животни, остатоци од некоја етничка група со правни акти од страна на државата. Шумски резерват. Ловен резерват. Резерват за барски птици.
резервација | ж.
Задржување право врз нешто додека не се исплати цената. Колата е во резервација до крајот на исплатата.