режало | ср.
Предмет (метален, дрвен, пластичен) во форма на нож што служи за режење, сечење и сл. Украсени метални режала. Пластично режало.
режач | м.
реже | несв.
Сече со некое остро орудие (нож, пила и сл.). Таа го режеше лебот на тенки парчиња. Работниците го режеа алуминиумот на ленти. Оваа сабја реже остро. Ножиците не режеа добро.
режим | м.
Начин на владеење и систем на државно уредување. Народен режим. Капиталистички режим. Демократски режим.
режимлија | ж.
Бескомпромисен приврзаник на определен систем на владеење. Режимлиите слепо му веруваа на лидерот.
режимски | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на режим. Режимски човек. Режимски живот.
режира | св. и несв.
Изврши, врши работа на режисер. Тој ја режираше оваа драма.
режисер | м.
Уметнички раководител во создавањето на некое дело (филм, театарска претстава, телевизиска серија и сл.). Млади режисери. Умешен режисер. Филмски режисер.
режисерство | ср.
Дејност на режисер. Еден период тој се занимаваше со режисерство.
режиски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на режија. Режиска постановка. Режиски трошоци.