разблика | св.
За вода, течност и сл. ‒ блика, истекува со силен интензитет, во големо количество. Водата разблика од пукнатината на браната.
разбликне | св.
Бликне, потече со силен интензитет, во големо количество.
разблуда | ж.
Блуд, распуштеност, разврат.
разблуден 1 | прид.
а) Што изразува сладострастие, што е исполнет со похота. Разблуден поглед. б) Што поттикнува страст, што опива, занесува. Беше тивка, страсна и разблудна ноќ. в) Што е премногу слободен, непристоен. Разблудни разговори.
разблуден 2 | прид.
Бунтовен, немирен. Разблудно време.
разблуди | св.
Направи некого разблуден.
разблудник | м.
Тој што е разблуден.
разбоздиса | св.
Искрши, разглоби, расипе нешто. Го разбоздиса креветот од лежење.
разболи | св.
Направи болен, стане причина некој да биде болен. Брзиот живот и нередовната исхрана го разболеа човекот.
разбор | м.
Разбирање, сфаќање, проценување, разумност. Нели има разбор, ќе се разбереме.