разборит | прид.

Што е разумен, разбран.

разборува се | св.

Почне многу да зборува. Работниците повторно се разборуваа, докажувајќи дека не им е најдобро. Ти се разборувале по пат како пазарџии.

разбој | м.

Направа за ткаење; ткајачка машина. Престилките сè уште се ткаат од волнено предено на разбои.

разбојник | м.

Тој што прави разбојништво, што краде, злосторник, крадец. Ноќе кога се враќаш дома, се плашиш да не наидеш на некаков разбојник. Друмски разбојник.

разбојништво | ср.

Одземање туѓа сопственост со употреба на сила, разбојничко дело. Го фатија и го осудија за разбојништво.

разбради | св.

Одврзе, симне некому забратка, шамија. Ја разбради жената.

разбран | прид.

Глаголска придавка од разбере.

разбранет | прид.

Глаголска придавка од разбрани.

разбрани | св.

Направи да се појават бранови, предизвика бранови. Ветрот го разбрани морето. 2 (прен.) Вознемири, возбуди. Никаков одговор нема да го разбрани. Го мачеа спомените што ги разбрани.