разбирателство | ср.
разбирачка | ж.
разбирање | ср.
Глаголска именка од разбира (се).
разбирлив | прид.
Што може да се разбере, да се сфати, јасен. Тој раскажува со лесно разбирлив јазик. Стилот му е многу јасен, разбирлив.
разбистреност | ж.
Состојба на тоа што е разбистрено.
разбистри | св.
За течност ‒ направи да стане бистра. Филтерот ќе ја разбистри водата.
разблажен | прид.
Што е разводнет, разреден. Разблажена киселина. Вино разблажено со вода.
разблажи | св.
За течност ‒ со додавање вода или друго средство направи да стане поретко, послабо; разводни, разреди. Виното го разблажи со вода. Го разблажи млекото. За една нијанса разблажи ја бојата.
разблажлив | прид.
Што може да се разблажи; растворлив.
разблее | св.
Направи да почне силно да блее. Силниот татнеж ги разблеа овците.