ректифицира | св. и несв.

Подложи, подложува на прочистување, поправање; изврши, врши ректификација. Фекалните води постојано ги ректифицираат во прочистителната станица.

ректор | м.

Раководител, управник на универзитет или на некоја духовна и образовна институција од висок ранг. Ректорите на македонските универзитети одржаа состанок.

ректорат | м.

Управа на универзитет или на некоја духовна и образовна институција од висок ранг. Ректоратот одлучува за овие прашања.

ректорство | ср.

Должност на ректор. Ректорството го доживуваше како голема обврска.

ректум | м.

Крајниот дел од дебелото црево.

релаксатор | м.

(техн.) Апарат што вибрира и овозможува опуштање на мускулите. Релаксаторот се користи секојдневно по десет минути.

релаксација | ж.

Опуштање. закрепнување, разонода, психички и физички одмор. Релаксација по напорната работа.

релаксира | св. и несв.

Опушти, опушта; разоноди, разонодува, закрепне, закрепнува психички и физички. Новата програма релаксира и смирува.

релаксиран | прид.

Што е опуштен, што е ослободен од психички притисок и од физички напор. Релаксирани гости. Релаксирано момче.

релативен | прид.

Што важи само под определени услови, што може да биде променлив, односен и обусловен од околностите, што нема определена вредност сам по себе; апсолутен. Релативен поим. Релативна рамнотежа.