релативизам | м.

(филоз.) а) Гледиште во теоријата на спознанието според кое секое спознание е релативно зашто е обусловено и зависно од односот и од становиштето на субјектот спрема објектот на спознанието. б) Во етиката ‒ ставови според кои доброто и злото се релативни поими, па оттаму моралните вредности се од релативен (променлив карактер).

релативизира | св. и несв.

Стори, прави нешто да се сфаќа како релативно; Тој релативизира многу животни вредности.

релативист | м.

Приврзаник на релативизмот.

релативитет | м.

Состојба на тоа што е релативно, релативност. Теорија на релативитетот од Ајнштајн.

релационен | прид.

Односен. Релациони, флексивни морфеми. Релациона страна на признакот. Релациони содржини.

релација | ж.

Однос меѓу поими, предмети, лица, појави и врската што се создава меѓу нив. Сега имаме добра релација. Создаде добра релација со родителите. Релацијата на снаата со свекрвата се влоши. Филозофски релации на духот.

релевантен | прид.

Што е важен, битен, суштински, ценет, решавачки, главен. Релевантни фактори. Релевантни докази. Релевантен елемент. Релевантни признаци.

релевантност | ж.

Својство на тоа што е релевантно; важност, битност.