репатрирец | м.

Тој што се вратил од прогон, од емиграција во сопствената татковина по сила на репатријација; повратник.

репатријација | ж.

Враќање во татковината на прогонети, бегалци, емигранти, воени заробеници и сл. Некои западноевропски земји извршија репатријација на бегалците од Босна.

репај | м.

Вид 'рдоква, репка, расте напролет и има форма на компир.

репер | м.

(геод.) Највисока висинска точка на цврста подлога според која се врши нивелирање.

реперкуира се | св. и несв.

Се одрази, се одразува како последица од некаква активност, од некое дејство. Нивното однесување се реперкуира врз успешноста на проектот.

реперкусија | ж.

Промена што се јавува како одраз, последица од нешто; одраз, одглас. Неговото зборување предизвика непријатни реперкусии. Настанот ќе предизвика реперкусии.

репертоар | м.

План и распоред (драмски, музички, балетски и др.) што се изведуваат во определен временски период (сезона). Репертоар на скопските киносали.

репертоарен | прид.

Што се однесува на репертоар, што е дел од репертоар. Репертоарен список. Репертоарни дела.

репете | ср.

Повторување, обично за храна. Репете десерт. Вторпат добива репете.

репетира | св. и несв.

Подготви, подготвува со повторување, со вежби јавен настап; изврши, врши репетиција. Тој неколку пати го репетираше утрешниот говор.