ретроспективен | прид.

Што се однесува на минатото, што е свртен, посветен на минатото. Ретроспективен поглед. Ретроспективна изложба. Ретроспективен карактер.

ретроспектира | св. и несв.

Се потсети, се потсетува на минатото, се наврати, се навраќа наназад, со мислите ги оживее, ги оживува спомените. Ретроспектира настани од младоста. Тој го ретроспектира нејзиниот лик.

ретур | м.

Враќање назад, ознака за поврат на поштенска пратка.

ретуш | м.

Дотерување, поправање на слика, фотографија, снимка и сл. Мајсторски ретуш. Ретуш на негативот.

ретушер | м.

Тој што поправа, дотерува со ретуширање, особено фотографии.

ретушира | св. и несв.

Дотера, дотерува, поправи, поправа слика (фотографија, снимка и сл.). Тој ги ретушира фотографиите.

ретче | ср.

Најдобро се сади во ретчиња.

ретчи | несв.

Прави да стане ретко, изретчува, проретчува. Тој ги ретчеше цвеќињата во градината.

реулав | прид.

Во лозарството ‒ вид грозд со неразвиени, неоплодени зрна. Реулави гроздови.