рецептура | ж.
Упатство за пропишување, подготвување и издавање лекови во аптека. Лекарот му пропиша две рецептури.
рецепционер | м.
Тој што работи на рецепција, што врши рецепција, пречекува, прима и испраќа гости. Рецепционер во хотел. Рецепционерот зборува неколку светски јазици.
рецепција | ж.
Примање, преземање, усвојување (поими, културни вредности и сл.); сфаќање, разбирање на нешто. Лесна рецепција на оваа поезија. Рецепција на неговите уметнички дострели.
рецес | м.
(екон.) Заостанат долг.
рецесивен | прид.
Што се однесува на рецесија, во кој има рецесија. Рецесивна личност.
рецесија | ж.
Опаѓање на стопанската активност, на економската моќ на некоја земја, намалување на способноста за инвестирање и за вработување, состојба што значи завлегување во економска криза, стопанска криза од поголеми размери. Рецесијата ги погоди најразвиените земји. Голема економска рецесија. Материјална рецесија.
рецидив | м.
(мед.) Враќање, повторување на некоја прележана болест. Рецидив од прележани морбили.
рецидивизам | м.
Повторување кривични дела од извршител кој извршил такви дела порано. Казните за рецидивизам немаат олеснување.
рецидивира | св. и несв.
(мед.) Се повтори, се повторува некоја болест. Туморите рецидивираат.
рецидивист | м.
Повторник на кривично дело. Рецидивистите добиваат построги казни. За рецидивистот нема олеснувања.