рециклажа | ж.
Повторно искористување, повторна употреба на користени предмети (отпадоци) во производствен процес со нивна целосна преработка. Рециклажа на хартија. Рециклажа на старо железо.
рециклира | св. и несв.
Повторно искористи, искористува отпадоци, стари, користени предмети (хартија, стакло, пластика и др.). Тие ја рециклираа старата хартија.
реципиент | м.
(мед.) Лице што прима крв со трансфузија. На реципиентот му се дава само иста крвна група.
реципира | св. и несв.
Усвои, усвојува, создаде, создава навика да прими, да прима нешто. Лесно го реципираат уметничкиот текст. Учениците го реципираат материјалот етапно.
реципроцитет | м.
Заемност, меѓусебност, рамноправен заемен однос. Во нивните средби и другарувања има реципроцитет.
реципрочен | прид.
Што е во рамноправен меѓусебен однос, меѓусебно обусловен, заемен, соодносен. Реципрочен однос. Реципрочни правила и закони.
рецитал | м.
Солистички музички настап. Рецитал на познатиот македонски виолинист.
рецитатив | м.
Вокална форма во музичко дело, особено во опера, составена од испрекинати музички фрази во вид на говорење, напевен говор.
рецитативен | прид.
Што се однесува на рецитатив. Рецитативна изведба. Рецитативен хор. Рецитативна форма.
рецитатор | м.
Лице што рецитира. Натпревар на рецитатори. Врвен рецитатор.