речен | прид.
Што се однесува на река или е дел од неа. Речен слив. Речен остров. Речен брег. Речна вода. Речно корито.
речение | ср.
Тоа што е кажано да биде, што е судбински определено. Речение ни било да не сме заедно. Така е според речението.
реченица | ж.
Основна единица во синтаксата со која се искажува некоја мисла или се создава некоја претстава, јазична единица составена од глагол во лична глаголска форма, што е услов за градба на реченицата, и од првостепени (подмет, прирок, предмет, прилошки определби) и второстепени (атрибут и апозиција) делови. Тој зборува со кратки и јасни реченици. Прашална реченица. Извична реченица. Потврдна реченица.
реченичен | прид.
Што се однесува на реченица или е дел од неа. Реченичен еквивалент. Реченичен член. Реченична интонација. Реченичен исказ.
реченички | прид.
речено | ср.
Судбина, судено, Од реченото не се бега. Реченото остана да лебди во воздухот.
речина | ж.
Вид ситно решето. Таа со речината го требеше гравот.
речиси | прил.
Скоро, без малку, така да се каже, уште сосема малку. Скулптурата е речиси готова. Споменикот е зачуван речиси во истиот облик. Жетварите речиси не се гледаа. Речиси сите беа со прекари.
речит | прид.
речитатив | м.