рецитаторски | прид.

Што се однесува на рецитација и на рецитатор. Рецитаторска секција. Рецитаторски глас.

рецитација | ж.

Говорно, уметничко претставување (рецитирање) на литературни дела, особено поезија. Добро изведена рецитација. Рецитациите на младите поети претставуваа освежување.

рецитира | несв.

Чита или кажува напамет стихови, обично на некоја приредба, јавен настап и сл. Младите поети рецитираа поезија од познати светски поети.

рецка | ж.

Црта, цртичка вертикално или косо напишана, вдлабната или создадена сама од себе. На ѕидот ставаше рецки. Рецките на ѕидот ја означуваа височината на детето. Секоја рецка на ѕидот е сведок на времето. Рамката е украсена со косо поставени рецки.

рецка | несв.

Прави рецки, реже, делка. Тој го рецкаше дрвото со длето.

рецне | св.

Направи рецка. Тој го рецна дрвото на две места.

реч | ж.

Говор, способност за зборување. Важеше за човек со добра реч. Растроена реч.

рече | св.

вели.

речев | прид.

Што се однесува на реч; говорен. Речева култура. Речеви можности кај учениците. Речеви стилистички разновидности.

речел | м.

Вид слатко од мешано овошје (тиква, дуња, грозје и сл.) варено во шира или во гроздов сок, во маџун. Ги послужи со речели.