речица | ж.
речник | м.
а) Книга, публикација што ги содржи зборовите на еден јазик, обично средени по азбучен ред, со толкувања на истиот јазик или со превод на друг или на неколку јазици (толковен, еднојазичен, преводен, двојазичен, повеќејазичен речник). Толковен речник на македонскиот јазик. Македонско-англиски речник. б) Специјализирана публикација што содржи дел од зборовниот фонд на еден јазик, зборови и изразни средства што се карактеризираат според посебноста на нивната употреба или според намената, целта на публикацијата (терминолошки, дијалектен, фразеолошки, правописен, етимолошки речник и др.). Мал етимолошки речник. Интенцијален речник на македонските глаголи.
речникар | м.
Тој што составува или што издава речници; лексикограф. Познати речникари од XIX век.
речникарство | ср.
Дејност со која се опфаќа изработката на различни видови речници, дејност на речникар; лексикографија.
речниче | ср.
речов | прид.
Што се однесува на реч. Речова култура.
речовит | прид.
Што зборува лесно, течно, што се изразува убаво, слаткоречив, красноречив. Речовит човек.
реш | прид.
Крцкав, добро испечен. Реш печено.
решавач | м.
Тој што решава, што има одлучувачка дејност за исходот на нешто, што наоѓа решение. Решавач на натпреварот. Решавач на случајот. Решавачи на најтешките задачи.
решавачки | прид.
Што решава, клучен, пресуден, од кого или од што зависи исходот на нешто, што определува како ќе се развива нешто понатаму. Решавачки натпревар. Решавачка борба. Решавачки фактор.