разведреност | ж.
Состојба на небото, времето кога е разведрено;
разведри | св.
За време, за небо ‒ направи да стане ведро, јасно. Ветрот го разведри небото.
разведувач | м.
развее | св.
Направи нешто да се вее, да се лелее на сите страни. Го развеа знамето на јарболот. Таа го развеа марамчето на орото.
развезе | св.
Растури вез, везба. За една грешка го развезе гобленот.
развенча | св.
Лиши некого од слава, од почит; овенча. Го равенчаа како поет.
развенчан | прид.
Тој што е лишен од слава, почит, општо признание. Развенчан поет.
развеселеност | ж.
Состојба на тој што е развеселен; весело расположение.
развесели | св.
Направи некого весел, радосен, израдува некого. Музиката ги развесели.
разветрее (се) | св.