разветри | св.
Изнесе нешто на воздух, на отворено; проветри. Таа ги разветри алиштата во дворот.
развива (се) | несв.
развивач | м.
Фотографско средство во кое се потопува фотографијата за да стане видлива. Од кутијата со развивач и фиксир извади две фотографии.
развигор | м.
Јужен ветер што дува во пролет. Лисјата се капеа во пролетниот воздух што го струеше развигорот.
развигора | ж.
развигорец | м.
развидели се | св.
Се раздени, осамне. По еден час веќе ќе се развидели.
развие | св.
а) Развитка, одвитка, одвие нешто свиено, завиено. Таа ги разви веленцата и ги пикна под покривалото. б) За бебе ‒ расповие. Бабицата го разви бебето пред родителите. в) Рашири, развее; растегне. Тој ги разви сите платна на едрилицата. Го развија знамето на јарболот.
развиен | прид.
а) Што е физички добро изграден, силен, здрав. Беше крупно, високо и добро развиено момче. б) Што е духовно, умствено издигнат.
развика се | св.
Почне силно да вика. Се развика уште од пред порта за сите да го чујат. Прости што ти се развикав.