рис 1 | м.
Диво животно од родот на мачките; Felis lynx. Во шумата виделе два риса. Рисот го однесе уловениот зајак.
рис 2 | м.
Мера за хартија. Купи два риса бела хартија.
рис 3 | м.
Горниот дел од стапалото. Има висок рис.
рискантен | прид.
рисов | прид.
Што му припаѓа на рис1, што се однесува на рис1. Рисов брлог. Рисовски скок
рисјанин | м.
ритам | м.
Рамномерно повторување на звуци, тонови, движења и сл., во определени временски интервали (во природата, во телото на човек или животно, во сите облици на човековото творење); тек, брзина на одвивање на некое дејство и на неговите промени. Игри со брз ритам. Ритам на денот. Ритам на срцето. Во ритамот на валцерот се вртеа сите на подиумот. Ритам на животот. Воедначен ритам.
ритер | м.
(истор.) Во Западна Европа во средниот век ‒ лице што му припаѓало на воено-благородничкиот сталеж, борец коњаник.
ритерство | ср.
(истор.) Ритерски, рицарски сталеж што опфаќал борци коњаници кои влегувале во него со строго утврдена церемонија, а за посебни заслуги.
ритмика | ж.
Систем од сите ритмички елементи во определена композиција, сите тонски ефекти на една појава, рамномерни движења во гимнастиката, во танцот и сл; ритам. Ритмика на стихот на народната песна.